Таравари: Угocтитeлитe вo Гocтивap дa paбoтaт дo 3 чacoт пo пoлнoќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари, од Советот на општината ќе бара да се изгласа одлука за продолжено работно време за угостителите во Гостивар.

– Во периодот кога во нашата општина има зголемен прилив на иселеници и се очекува и зголемен обем на работа во угостителските објекти. Предлогот е да се продолжи работното време за два часа, во деновите кога има манифестации или културно-забавни програми. Со измената предвидено е во деновите од викенд наместо до 1 часот по полноќ, кафетериите, рестораните и другите угостителски објекти да работат до 3 часот, односно наместо до полноќ да бидат отворени за гости до два часот.

– Законот за угостителска дејност тоа го овозможува и ние сакаме да ја искористиме таа можност и да му помогнеме на овој сектор, кој заради пандемијата претрпе големи загуби – вели Таравари за МИА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This