Тасевски: Да ги пpашам Бугарите, Ви пopacнaa poгoви штo ни cтaвивтe вeтo зa ЕУ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актерот Сашо тасевски го коментира ветото на Бугарија за Македонија да го почне преговарачкиот процес со ЕУ.

– Да ги прашам Бугарите. Ви пораснаа рогови што ни ставивте вето за ЕУ?
Посреќни сте? Побогати? Ви кажа браво ЕУ?

Ама убаво ви е на душичката секогаш кога ги малтретирате и се изживувате со Македонците. Онака другарски? Братски? Така? Не е важно. Повеќето од нас не паднаа на вашите лажни насмевки додека се гушкавте со нашите велепредавници, а ваши платеници.

Ние ни збор не ви поверуваме никогаш. За тоа де дека сте ни пријатели. Велите во времето на Тито не учеле да не сакаме Бугари. Изгледа во право биле што не учеле така. Партизаните, наши дедовци и баби, добро знаеле какви сте и со кого тикви не треба да садиме.

Поминете си убаво додека сте во ЕУ. Без нас ви е песна. Ама брзо ќе дојде време кога пак ќе менувате страна за да се извлечете. Но, еднаш нема да ви успее – коментира Тасевски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This