Тасевски за тоа „како сме го убивале коронот“: Во карантин сум, значи постојам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актерот Сашо Тасевски го коментира метежот по продавниците во последните часови пред почетокот на 80-часовното ограничување на движењето поради галопирачките бројки на новозаболени од коронавирус во Македонија.

„Како сме го убивале коронот сега во “Стокомак’.

Триесетина души во ред. Се пцуе власта, се кива се кашла, ама строго во маска.

После ко магаре натоварен одам дома, па одам во Тинекс, ред до Драмски театар. Прво помислив редот е пред Драмски за детска претстава, ама ми текна, пред Драмски нема таков ред 40 години.

И пак натоварен ко камилата на шеикот, дома.

Сега имам раце од сто метри, тестисите ми кружат околу јетрата, ама сум среќен. Подготвен за карантин до Нова Година. Се е супер, само да кажеа два дена порано за карантинот. Ама и вака е топ. Зошто мора сите да сме слободни? Слободата е напорна. Треба да знаеш со неа.

Карантинот е среќа. За луѓе од желе. За мене и тебе.

Во карантин сум, значи постојам“, констатира Тасевски.

Како сме го убивале коронот сега во Стокомак.Триесетина души во ред. Се пцуе власта, се кива се кашла, ама строго во…

Posted by Sasho Tasevski on Thursday, June 4, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This