Тасевски: Уштe нe e гoтoвo дoдeкa тoj глyпaк e нa влacт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Немам делеми, тој глупак ќе потпишеше сè, ако не се побуневме со таков бес и револт, вели актерот Сашо Тасевски коментирајќи ги односите со Бугарија, додавајќи дека уште не е готово додека Зоран Заев е на власт.

“Утре ќе бидеме блокирани од Бугарија. Потполно го разбирам нивниот ментален склоп. Ти да му се клањаш прво на Хитлер, а после да му клечиш на Сталин, на Хрушчов и на Брежњев цели четириесет години, каков да бидеш, ако не искомплексиран, исплашен и несигурен во себе.
Го покажаа правото лице кога сфатија дека не е доволно што купиле само една будала со неколку негови соработници. Ја покажаа сета своја информбировска, сталинистичка бруталност и примитивност кон нас, кои ни беа познати од минатото, веднаш откако увидоа дека Македонците му кажаа НЕ на глупакот во кој беа положени сите бугарски надежи за асимилација на Македонците.
Немам делеми, тој глупак ќе потпишеше се, ако не се побуневме со таков бес и револт. И уште не е готово додека е тој на власт или додека не го избркаат неговите сопартијци, кои не сфаќаат дека со тоа што го поддржуваат стануваат соучесници во велепредавство.
Колку само смешни се тој со другарчињата на онаа слика во авионот кога излажаа дека сме добиле датум со исправени палчиња за лајк”, коментира тој.

Утре ќе бидеме блокирани од Бугарија. Потполно го разбирам нивниот ментален склоп. Ти да му се клањаш прво на Хитлер, а…

Posted by Sasho Tasevski on Monday, December 7, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This