April 20, 2024, 10:08 am

Тасевски pacпaли: “Миниcтepcтвaтa вo oвaa влacт ce кaкo cekти”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Укинувањето на историјата како посебен предмет и т.н. нов концепт за основно образование е агенда што оваа влада се обврзала дека ќе ја спроведе по секоја цена, а тоа значи дека овие луѓе немаат ниту визија ниту цел, и не знаат каде тераат, вели актерот и поранешен директор на Драмски театар, Сашо Тасевски, во синоќешното издание на „Што не е јасно?“

-Тоа е функционирање на ниво на секта, што кај оваа власт го има во секое министерство, особено тоа за образование и наука, каде околу министерката се собрани невладини организации блиски до неа…се крчкаат тајно работите како ова со реформава, и кога ќе излезе во јавност веднаш се бранат со фразите „тоа се лажни вести…има време до септември…“ и слично. Но како и да се брани Царовска или другите, на крајот тие агендата ќе мора да ја истераат оти за агендата некој зел тешки милиони, преку странски фондации, мецени и слично. Како ќе го спроведат, во каква обланда, ќе видиме, иако сега во периодот што следи очекувам малку да го „олабават јажето“ за новиот концепт. Ваквиот тип на владеење зборува за тоа дека оваа власт ниту има стратегија, ниту визија, ниту знаат каде одат ниту знаат што прават рече Тасевски.

Oва што се случи во театар „Комедија“, и назначувањето на Нора Шаќири за В.Д. директор беше борба помеѓу две лобија од ист тим, вели Тасевски.

-Една од првите заложби на СДСМ кога доаѓаа на власт беше и комплетна департизација на државата во сите сегменти, но излезе дека тоа е една од многуте лагите на Заев, остана сè партизирано и мислам дека е кренето на едно повисоко ниво, затоа што сите оние кои мислеле дека допринеле за победата на СДСМ во 2017 година дека заслужуваат да имаат некоја функција. Целата култура е партизирана, не е само еден сегмент. Ова што се случи во театар „Комедија“ беше борба на две лобија од ист тим, така да успееја да избркат еден и си донесоа друг свој човек. Да ставите некој да раководи со тетарот кој не бил дел од тоа, за тоа треба многу занает и многу години искуство поминато во театарот. Но ќе кажам се е во државата негативна селекција , така што компетенциите се она што најмалку се бара, се оди преку партија и резултатот го гледаме во цела држава, рече Тасевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This