Таткото на Асанж проговоре за соработката на Димитров со Американците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џон Шиптон, татко на најпознатиот политички затвореник во светот Џулијан Асанж, со занимлив одговор на прашање од повремениот колумнист на expres.mk, Ненад Живановски од Лондон, во ексклузивното интервју за „Геополитика.њуз“.

„Во една своја изјава Асанж тврдеше дека ‘Викиликс’ покажал оти американските амбасадори низ светот се вплеткани во шпионски скандали. Од илјадници текстови на ‘Викиликс’, еден е шокантно примен во мојата земја (Македонија). Имено, во 2008 година тогашниот американски амбасадор во Холандија, Никола Димитров, во текот на преговорите со Грција за промена на името на земјата ги шпионирал македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски кај тогашниот американски амбасадор во Македонија, Филип Рикер, кој тие известувања ги проследил до ЦИА. Денес тој македонски амбасадор е унапреден во министер за надворешни работи и за европски прашања на Македонија, а гласникот Џулијан Асанж е во затвор. Дали ова е парадокс на времето во кое живееме да се ‘убива’ гласникот што ја донесува вистината, нешто што не се правело ни во времето на крвавите средновековни војни?“, прашува Живановски во интервјуто.

„Не сум изненаден од тоа што го објави ‘Викиликс’, бидејќи нема сомнение дека во земјите во кои тоа е можно (како што е вашата), Владата и министрите ги именува или одобрува амбасадорот на Соединетите Држави“, одговара Шиптон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This