ТАТКОТО НА ОТРУЕНИОТ РУСКИ АГЕНТ: Сите тие се заложници на американската хегемонија – да беше Русија вмешана одамна ќе имаше докази!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таткото на Александар Литвиненко, агент кој беше отруен во Лондон пред десетина години, Валтер Литвиненко, изјави дека сите руски бегалци во Велика Бритнаија се всушност заложници на американските власти кои тежнеат кон светска доминација

Тој во ексклузивно интервју за РТ рекол дека со години верувал дека руските власти, како и претседателот Владимир Путин, се дирекнто вмешани во нападот на неговиот син во 2006. година, но дека го променил своето мислење, бидејќи како што вели, нашол големи недоследности во анализата.

Литвиненко тврди дека иако постојат сличности со случајот со труењето на неговиот син и случајот на труење на бившиот руски разузнавач Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија, во овој случај е користена друга тактика.

„Сфатија дека го ‘промашија’ случајот ‘Литвиненко’ и одлучија да ја променат тактиката. Сега не покажуваат никакви докази и се се сведува на чекање на реакција од Москва. Бидејќи ако имало руска трага, како што тврдат, се би било одамна јасно“, вели тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This