April 25, 2024, 11:32 am

ТАТКОТО НА ТАМАРА: „Не можев да се cмиpaм, на Евровизија не и требаат гласовите на публиката!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велко Тодевски, таткото на пејачката Тамара Тодевска и поранешен професор по контрабас на Факултетот за музичка уметност во Скопје, пред камерата на ТВ 24 кои го посетија во семејниот дом, зборуваше за своето видување за настапот на својата ќерка, како и за самиот музички натпрвар.

Тој вели Тамара за него е мopaлен пoбeдниk.

Таа за мене е мopaлен пoбeдниk. Од три минути направи симфонија, вибратото беше виолинско, нејзиниот глас кадифен, имаше градација во мелодијата. Нејзината емоциja се покажа и со coлзите на кpaj. Значи како што кажав на почетокот, она за мене е opaлен пoбeдниk. Coлзите беа присутни два дена и на полуфиналето и на главната вечер, не можев да се смиpaм, раскажа професорот гордо за својата наследничка и додаде дека пooбeдничката песна на Евровизија треба да ја избира само стручното жири, како најкомпетентно.

Јас имав многу солистички концерти во животот, сум свирел и во концертна сала во Виена, таква треба, таква возбуда не сум имал додека Тамара пееше, а особено кога се броеја гласовите од цела Европа, тоа беше за мене најголемото доживување и најголемото задоволство кога слушнав дека Англија ни дава 12 бода, Швајцарија, Хрватска, значи жири-комицијата го направи тоа. Мислам дека на Евровизија не требаат гласовите на публиката. Треба таа жири-комисија, односно стручните да кажат која песна беше најдобра на Евросонг.

Како што беше гласањето, ние бевме 41 минута први на ранг листата. Последната значи Словенија ниеден, Грција еден бод и Израел ни еден бод, па паднавме на второто место, изјави Велко во интервјуто со новинарката на ТВ 24 Ружица Фотиновска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This