April 25, 2024, 10:12 am

ТАТО СИ ГО ВРАБОТИЛ СИНОТ КАЈ НЕГО ВО СУД: Синот на претседателот на кичевскиот суд распределен на работа кај татко му

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шабан Алили, син на претседателот на Основниот суд во Кичево, судијата Баки Алили, е вработен во институцијата на чие чело е неговиот татко. Во судската администрација тој завршил како еден од околу 950-те рамковно вработени лица кои годинава од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор беа распоредени низ повеќе јавни институции каде требаше конечно да почнат да работат нешто.

Дека Шабан Алили се вработил во судот каде претседател е неговиот татко, потврдуваат и извори од Министерството за информатичко општество и администрација.

Како синот завршил на работа кај таткото, го прашавме и првиот човек на Секретаријатот, Хазби Лика, но тој не одговори на нашите повици и СМС пораки. Оттаму не можеше да се најде ниту некој друг кој ќе одговори иако во тимот на вицепремиерот уште петмина работат на позицијата за „следење на соодветната и правичната застапеност во институциите“.

Според Законот за судови забрането е во ист суд, судија со друг судија или судија-поротник да биде во роднинска врска.

Целиот текст на Плусинфо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This