April 16, 2024, 11:49 pm

Татјана Стојановска открива што си купила од првиот хонорар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Татјана Стојановска една од најпопуларните презентерки кај нас, некогашна манекенка и Мис на Македонија, за открива како ги заработила првите пари:

„Првите хонорари кои ги добив, беа на 17 годишна возраст, како манекенка на ревија на тогашниот Саем за мода „Модест“ кој се одржуваше на Скопскиот саем. И знам дека со хонорарот си купив еден прекрасен капут од „Тетекс“, кој беше и еден од излагачите на Саемот и ги презентиравме нивните модели на една од ревиите на „Модест“, раскажува Тања.“

Грст честитки и лавина од коментари кај водителката Татјана Стојановска – ова е причината

Во скопскиот хотел „Александар Палас“ вчеравечер се одржа прослава по повод 25 годишниот јубилеј од постоењето на утринската програма на Македонската телевизија „Добро утро Македонијо“.

По тој повод на едно место се собраа, уредници, новинари, водители, сниматели, техничар, но и оние кои некогаш биле дел од тимот.

Една од нив беше и ТВ водителката Татјана Стојановска која иако денес е презентер во друга телевизија, дојде да ги испочитува своите колеги, но и да го обележи почетокот од својата кариера која почнала токму пред 25 години во далечната 1993 година.

На својот профил на социјалните мрежи Татјана сподели неколку фотографии од прославата, но и таква каде награди дека поминале 25 години од нејзините почетоци на телевизија.

Инаку Татјана важи за личност која е посветена на својата работа. Секој работен ден македонската презентерка е подготвена за пред ТВ екраните да ги води информативните вести и да ги извести граѓаните за важните случувања во Македонија, регионот и светот.

Пред камерите на медумот секогаш може да ја видиме во пристојно издание кое прилега на нејзината професија.

Неодамна Татјана даде интересна изјава која одекна во сите медиуми.

Познатата презентерка на Канал 5 телевизија, Татјана Стојановска, славејќи ги 25 години од матурата со своите школски другари од “Борис Кидрич”, се потсети и на своите први професионални успеси.

На едно мошне убаво поминато време кога Татјана беше “Мис на Македонија” во Охрид 1992 година и “Мис Планета” на изборот во Бугарија 1993 година, на многубројни изјави и интервјуа за многубројни тогашни весници, на насловните страници кои беа третирани токму како ексклузива, поради нејзината природна убавина.

А, Татјана убава како и секогаш, и тогаш и сега во зрели години, харизматична и неодолива. Девојка на која многу исто така згодни момци и се додворуваа. Но, таа сепак само срамежлива, па присетувајќи се на својата срамежливост, Татјана деновиве отворено ја сподели и со своите пријатели велејќи им:

– Ех, што ти е судбина. Тогаш не ни бев свесна….дури и плачев пред мајка ми и татко ми во собата после изборот. Не сакав да сум Мис! Дете! Се исплашив од таа титула. Но, Господ сакал така…”

Сепак, некоја година потоа животот по желбата на Господ ја однесе Татјана по своите патеки. Таа се вљуби и се омажи за пејачот Благоја Грујовски, роди син, но неколку години потоа тивко се разведе без медиумски спектакли. Денес и понатаму е успешна жена, има професија што ја сака (презентер во ТВ канал 5), а има и нова љубов што е и логично по неуспешниот брак заслужено да и се случи.

Но има и успеси во професијата, оние кои уште долго ќе се памтат. Пред три години успешно и на задоволство на многубројната публика го водеше во живо ексклузивното интервју од Матка, со славниот екс-ЈУ водител Оливер Млакар а, во рамките на Конференцијата за здрава храна. Не попусто на Татјана луѓето постојано ќе и зборуват дека е како виното. Колку постара толку позгодна! И ние се сложуваме со тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This