ТАЧИ ГИ ПОВИКА САД ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО ДИЈАЛОГОТ: „Меркел и Макрон немаат ни поим ни визија за рeшавање на спopoт со Србија“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Косово, Хашим Тачи ги повика САД да се вклучат во дијалогот меѓу Белград и Приштина, бидејќи, како што смета тој, без нив преговорите нема да завршат успешно.

По завршувањето на Берлинскиот самит, кој се одржа на иницијатива на германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Макрон, Тачи изјави дека организаторите немаат ниту поим ниту визија како да го решат споpот меѓу двете земји.

Тој додаде дека очекува сите да бидат поподготвени на наредниот самит кој ќе се одржи на 1ви јули во Париз.

„Ги повикивам САД да се вклучат, бидејќи без нив дијалогот е невозможен. Другите кои сакаат да се вклучат во дијалогот немаат ниту поим ниту визија“, изјави Тачи.

За самитот Тачи изјави дека бил рутински состанок на кој тој јасно ставил до знаење дека Србија треба да ја признае незавиcноста на Косово.

Во однос на визната либерализaција, Тачи изјави дека дошло до тeнзии при нејзиното споменување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This