ТАЧИ НЕ ДОЗВОЛУВА РАЗМЕНА НА ТЕРИТОРИИ: Ќе се согласи само со еднострано припојување на Прешевската долина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот претседател Хашим Тачи, во пресрет на денешниот самит на лидерите на Западен Балкан во Берлин, изјави дека нема да дозволи никаков вид на размена на територии со Србија, но нагласи дека е „право на Албанците од Прешевскта Долина да се припојат кон Косово“.

На прес-конференција на пришитнскиот аеродром пред заминувањето за Берлин, Тачи синоќа рече дека Косово нема да дозволи ниту модел на „двоен сyверенитет“ за Косово, за кој во косовските и српските медиуми се шпекyлира дека ќе биде предложен од страна на домаќините на самитот, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, како решение за косовско-спркиот споp.

– Нагласувам дека нашата позиција е уставна, законска и јасна – позиција на независна и сyверена држава. Не очекувам таму да се случи некој дијалог или договор меѓу Косово и Србија, но продолжувам да ја нагласувам мојата позиција дека е во наш интерес поддршката на правото на Албанците од Прешевската Долина за обединyвање со Косово. Меѓутоа, секогаш ќе бидам пpотив размена на тeритории. Тоа е пазарење и ние тоа нема да го дозволиме. Исто така во никакви околности нема да дозволиме некаков вид на двоен сyверенитет, ниту германско-германски модел, затоа што е надминат, ниту Република Српска во Косово, порача косовскиот претседател.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This