ТАЧИ ТВРДИ: СДСМ освоија нешто повеќе од 100 000 гласови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Моето мислење е дека на претседателските избори, граѓаните на Македонија гласаа на совршен начин, иако ве уверувам дека со овој резултат сите политички сили се нeзадоволни, истакна претседателот на ДПА во вечерашната делатната емисија “Клан дебат“ на телевизија Клан Македонија, која беше посветана на резултатите од првиот круг од претседателските избори.

– Владата излезе лошо со гласовите, најлошо од сите. Во рамките на Владата нaјлошо помина најголемата партија која ја раководи власта, со 100 илјади и нешто гласови, рече Тачи.

Тачи го коментираше и придонесот кој ДУИ го имаше на контото на Пендаровски, за што вели дека тие дале збор да придонесат за него но сепак толку им била силата.

– Моето мислење за ДУИ е дека не можеле повеќе. Не можеле. И ДУИ дале збор но толку им е силата. Да бидеме коректни, констатираше Тачи.

Тој додава дека резултатот од изборите треба да се анализира со искуство. Затоа што во Тетово и во тетовскиот регион, реалниот резултат ВМРО-СДСМ е 3 со 1, албанските гласови се тое кои што ја намалија разликата. Ја имаш општина Теарце вели Тачи, таму имаш 3.000 со 1.800 и ја имаш Лешок кај што резултатот е 3 со 1 во корист на кандидатот на ВМРО наспроти СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This