April 26, 2024, 11:09 am

ТАЈНАТА ЗА САНДАКОТ 23: Сандакот кој лично Тито го чуваше конечно отворен!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За богатството кое кралот Петар Втори Караѓорѓевиќ наводно го изнел од Србија, монархистите и комунистите полемизираат со децении.

Едни тврдат дека е изнесено од Србија, а други дека тоа е лага. Но, една мистерија е особено важна во оваа приказна – станува збор за сандакот 23.

Овој ковчег и уште многу други вредности кои поседувале семејството Караѓорѓевиќ, Германците во мај 1941 година, однеле од Белиот двор во Белград. Предметите се спакувани во 17 сандаци, а еден од нив носел ознака 23.

Подоцна тој сандак е пренесен во Народната банка, каде е конфискуван. Најголемите вредности банката ги продала, а дел во 1947 година предала во Народниот музеј, без никакви документи.

До 1991 година предметите биле спакувани во два различни сандаци, во трезорот на музејот и на нив било заборавено. Не се знаела содржината, па не биле изложувани.

Се споменува дека овие вредности Јоспи Брзо Тито лично ги чувал, но тоа не е потврдено.

Овие сандаци конечно се вратени во Опленац, а посетителите може да ги разгледаат во куќата на кралот Петар Први.

Од сандакот 23. не се сочувани многу предмети, но оние кои се зачувани се исклучително вредни.

Секој од нив на себе има цитат на германски јазик, што докажува дека Германците тој имот си го препишале себеси.

Еден од највредните предмети внатре е круната на кралицата Марија, која е изработена од злато, со крст на средина. Се зборува дека е најдена со прамен од нејзината коса. Ѝ припаѓала додека уште била романска принцеза.

Во ковчегот најдена е и златна рамка со фотографија од кралицата и нејзините синови Томислав и Андреја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This