ТАЈНАТА НА ПРСТЕНОТ НА АРКАН:Проклетството го превземал секој оној кој отпосле го носел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аркан својата моќ сакал да ја претсави преку прстен, па со купувањето на скапиот прстен од злато успеал во тоа. Го носел само во ретки прилики. Директно од Франција го порачал прстенот со неверојаатна изработка. Никој не дознал колку всушност тежи, но дијамантите на него, големината, сјајот…

Секој кој се наоѓал во негово присуство, не можел да го тргне погледот од тој прстен.

– Еднаш кога беше на ,,деловен состанок“ со моќен странски бизнисмен, го стави тој прстен, бидејќи работата била голема и важна, па сакаше да ја покаже својата моќ.Бизнисменот ги одбиваше неговите предлози и не сакаше да соработува. Тогаш Аркан конкретно му рече:.слушај, ако не биде како што реков, прстенов кој константно го гледаш на мојата рака ќе ти го набијам во задник. Аркан сериозно го мислеше тоа.

По неговата смрт, прстенот наводно го снемало. Многумина мислеа дека Цеца е виновна за тоа, но по неколку години се појави во Италија.  Во една полициска рација во Италија, била фатена крупна ѕверка, еден од водачите на сицилијанската мафија. При, апсењето, скокнал од зграда додека бегал од полицијата и го повредил вратот. Прстенот бил предаден на полицијата, но набрзо  го снемува од местото каде што се складираат вакви докази.

Следен пат, прстенот е виден во Русија, кога загинал еден мафијаш, додека го возел своето Порше кајен. Прстенот полицијата регуларно го вратила на неговото семејство, кое го продала на реномирана руска антикварница. Сите го криеле фактот дека тоа е прстенот на Аркан.

Антикварницата во Русија набрзо изгорела, а прстенот никогаш повеќе не е пронајден.

Останува прашањето како прстенот се нашол во Италија, па како е украден од складот на полицијаат. И секако како завршил во Русиај?

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This