April 20, 2024, 12:18 pm

ТАЈНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ: Сириската армија пронајде фабрика за производство на хемиско оружје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според извештаите на сириската армија, милитантите во Источна Гута планирале провокација и напад со хемиски оружје за да го обвинат Дамаск.

Сириските владини сили пронајдоа тајна работилница за производство на хемиска оружје при заземањето на селото Афтрис во Источна Гута откако милитантите се повлекоа од селото, изјави полковникот на Сириската арапска армија, Фруз Ибрахим.

“Веројатно, хемиското оружје требало да биде дел од ,,false flag’’ лажното обвинение дека владата користеле хемиско оружје”, рече тој.

Неодамна, сириското Министерство за надворешни работи соопшти дека милитантите во Источна Гута можат да изведат хемиски напад и да ја обвинат сириската влада за тоа. Заменик-министерот за надворешни работи на Сирија, Фаизал Мекдад, истакна дека Дамаск е подготвен да помогне во истрагата за хемиските напади во Сирија, но меѓународните организации одбија да соработуваат со сириската влада.

Минатата недела, рускиот центар за сириско помирување информираше дека терористите планирале провокации кои вклучувале употреба на хемиско оружје во Источна Гута.

Организацијата која се занимава со забрана на хемиско оржје пак потврди дека Сириската влада ги уништила своите капацитети на хемиско оружје.

Сириските власти постојано беа обвинети за употреба на хемиско оружје од почетокот на конфликтот во 2011 година.

Kога беше побарано да ги коментира информациите, портпаролката на Министерството за одбрана на САД, Дана Вајт, изјави дека САД “досега не виделе никакви докази” за употребата на хемиско оружје од Дамаск во Источна Гаута.

Неодамна шефот на Пентагон, Џим Матис, го предупреди Дамаск да не употребува хемиско оружје, иако рече дека нема доказ за употреба на истото досега.

Сирискиот претседател Башар Асад рече дека западните земји ја обвинуваат сириската влада за употреба на хемиско оружје како изговор за воздушните напади врз владините сили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This