ТАЈНА СРЕДБА ВО КИЧЕВО: Албанскиот претседател тајно се сретнал со Ахмети во Кичево, дал поддршка за соборување на владата на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соединетите Американски Држави се доста загрижени поради ангажманот на Албанскиот претседател во Македонија, кој во изминатиот период работел со различни структури од Македонија во обид да ја собори владата на СДСМ и Зоран Заев, пренесуваат албанските медиуми во Македонија

 

Според порталот на албански јазик „Алмакос“, Илир Мета бил на тајна посета во Македонија на 6.април на која се сретнал со лидерот на ДУИ Али Ахмети, но и со лица блиски до екс-премиерот Никола Груевски.

„Алмакос“ додаваат дека ова една од причините поради која помошник-државниот секретар на Стејт Департментот Вес Мичел, минатиот месец ја одминал Тирана, за време на Балканската тура која беше прва во неговата кариера.

Според албанските медиуми во Македонија, освен Илир Мета за соборување на владата на Заев во Македонија бил заинтересиран и лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша, кој ги координирал активностите со Илир Мета. Инаку, Љуљзим Баша беше човекот кој се спротивстави на иницијативата на Еди Рама за „Тиранската платформа“ сметајќи ја за вмешување во внатрешните работи на туѓа држава, и дека со тоа непотребно ќе се влошат добрите односи со Македонија.

Информациите за тајната посета на Мета во Македонија, наводно биле потврдени од медиумите во Албанија, пренесуваат домашните медиуми на албански јазик.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This