April 20, 2024, 12:45 am

ТАЈНА СРЕДБА ВО ХОТЕЛОТ „СИРИУС“ ВО СТРУМИЦА: Што договараа Митко Јанчев и Никола Тодоров со Зоран и Вице Заеви!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во сабота вечерта како што дознава Пресинг ТВ во хотелот „Сириус“ во Струмица се одржала средба меѓу градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и екс министерот Никола Тодоров од една и премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице, од друга страна.

Јанчев ниту ја потврдува,ниту ја негира средбата.

„Немам коментар“, одговори кусо Јанчев на прашањето од Пресинг ТВ дали е точно дека се сретнале и за што разговарале.
Став се обидовме да добиеме и од Тодоров и премиерот Заев, но не одговорија на телефонските повици.

Очевидци тврдат дека средбата се одржала во познатиот хотел „Сириус“, некаде во периодот меѓу 20 и 20,30 часот во сабота вечер.

За што станувало збор на средбата останува енигма, но струмичката чаршија веднаш почна со приказни дека таа не била случајна. По притворањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој беше главен координатор во обезбедувањето на потребните осум опозициски пратеници за исполнување на двотретинското парламентарно мнозинство за отпочнување на процедурата за уставни промени, согласно договорот со Грција, сега неговата улога ја преземале Јанчев и Тодоров. Па, дури им даваат и соодветна „тежина“ на „прва и втора“ виолина во „оркестарот“ поранешни членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои се согласуваат со промена на името на државата и уставните промени.

Во јавноста се повеќе е присутна дилемата дали, по притворањето на Мијалков, е доведено во прашање двотретинското мнозинство. Во тој контекст, средбата во „Сириус“ се означува како градење стратегија за тоа како понатаму. Претставници на власта се децидни дека притворот на Мијалков, како и на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и екс-генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, нема да ја нарушат постигнатата „идила“.

Инаку премиерот Зоран Заев викендов беше во работна посета на Струмица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This