ТАЈНИТЕ ФОНДОВИ НА ГРЧКОТО МНР: Ќе дознаеме ли конечно кои македонски медиуми биле финансирани од грчкото МНР?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на АНЕЛ (Независни Грци) Панос Каменос најави контра-тужба против поранешниот шеф на грчкото МНР и потписник на преспанскиот договор, Никос Коѕијас. Овие најави доаѓаат само неколку дена откако Коѕијас соопшти дека го тужи Каменос за „нарушување на честа, угледот и достоинството“. Коѕијас тврди дека бил уценуван и под закана, како и дека за него биле ширени неколку лаги, меѓу кои и дека добил 50 милиони евра од Сорос и дека ги злоупотребувал тајните фондови во грчкото МНР.

Токму тајните фондови од грчкото МНР се од посебен интерес за македонската јавност, имајќи предвид дека во октомври минатата година, само една недела пред караницата меѓу Коѕијас и Каменос која резултираше со оставка на тогашниот шеф на дипломатијата, „Ефимерида“ објави напис во кој соопшти за основано сомнение за користење на милионски суми од грчките тајни фонодви за финансирање на медиуми во Албанија и Македонија, како и за лобирање за црковните интереси.

Новинарот Димитрис Такис кој ја објави аферата пишуваше дека на прашањето зошто биле финансирани медиуми во Албанија и Македонија, образложението било дека овие пари се користеле за да се финансираат позитивни новински написи за Грција во македонските и албанските медиуми и да се лобира кај новинари и сопственици на медиуми во нашата и соседната земја да работат за грчките интереси.

По написот во „Ефимерида“ грчкото обвинителство нареди итна истрага за објавување доверливи информации, а од кабинетот на премиерот Алексис Ципрас реагираа велејќи дека објавувањето наводни информации за распределувањето на тајните фондови на Министерството за надворешни работи директно влијае врз националните интереси.

Но, освен за објавувањето на доверливите информации, други новини нема. Односно, сеуште нема ни трага ни глас од детали за истрагата дали навистина со милионски суми биле плаќани новинари и сопственици на медиуми во Македонија и Албанија. Дали грчката влада и обвинителство ги штитат своите соработници во соседните земји кои ги бранеле грчките национални интереси?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This