Тврди дека е невин: Се огласи џудо-тренерот ocoмничен за злocтавување девојчиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку вештачењето на мобилниот телефон на осомничениот 46-годишен тренер, ќе се бараат нови докази за злоделата кои му се ставаат на товар. Ова следува по признанието на засега барем три малолетни девојчиња дека нивниот џудо-тренер кон нив се однесувал недолично, сексуално вознемирувајќи ги, дознава Алфа од свои извори. Според истите наши извори, џудо-тренерот, уште од почетокот на истрагата категорично ги негирал сите злодела кои сега му се ставаат на товар, а за кои тој, во моментов се наоѓа во 30-дневен притвор.

Исто така, по избивањето на скандалот, на површина испливаа и проблемите кои што џудо-тренерот, подолго време ги имал и со Џудо-федерацијата на Македонија. Според наводите, тој во своја корист, направил фалсификат на одредени, службени документи, заради што, според информациите до кои дојде Алфа, со решение донесено уште летоска, а врачено дури на почетокот од годинава, Федерацијата му ја одзела и лиценцата. Ова, секако фрли уште една темна дамка врз профилот на тренерот, што уште повеќе ги подгреа негативните коментари на јавноста, особено на социјалните мрежи, каде граѓаните и буквално го линчуваат, барајќи јавна објава на неговиот идентитет.

Инаку, тренерот, иако од пред повеќе месеци имал забрана од Џудо-федерацијата за да тренира деца, сепак, тој и покрај тоа, а и во време на Корона, кога сите активности се ставени во мирување, ги продолжил тренинзите. При едно интервју, дадено на негово барање, во јули, минатата година за еден локален медиум во Прилеп, а поврзано токму со текот на тренинзите и интензивните подготовки за престојните првенства, а за кои немал дозвола да ги изведува, тој кажа интересна изјава, велејќи дека ние како нација сме биле врвни борачи, но сме паѓале на психолошките тестови. Децата се лутеле оти сметале дека премногу им се мешал во нивниот приватен живот.

Тренерот е сопруг, татко на две ќерки, а како џудо-тренер работел триесетина години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This