„ТВ 24“: СДСМ и ДУИ ќе изгласаат двојазичност без амандманска расправа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мнозинството ќе го испочитува рокот на собранискиот претседател Талат Џафери за Законот за јазиците и доколку нема договор за него со опозицијата, ќе го гласа онака како што Џафери ќе го предложи, макар и без амандманска расправа, брифираат за ТВ 24 партиски извори од СДСМ.

Се амнестираат дека  одлуката за отфрлањето на амандманите ќе биде на собранискиот спикер и дека Џафери е единствен надлежен за тоа.

Велат викендов и евентуално во понеделник се очекува уште еден последен обид за наоѓање решение со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Не прецизираат кое би било решението, но велат најелегантно за сите би било доколку опозиционерите не дојдат на седницата. Официјално не сакаат да коментираат, велат остануваат на ставот дека се дава шанса за политичкиот дијалог.

Собраниски извори пак велат дека среда или четврток ќе биде најверојатно новиот термин кога  Џафери ќе ја закаже седницата. Во вторник според информациите, ќе има и координација на која токму тоа ќе прецизира.

Воздржани и од ВМРО-ДПМНЕ – само кусо повторуваат дека решение не е и не може да биде повлекување на амандманите. Висок партиски функционер од ВМРО ДПМНЕ  тврди опозицијата ќе биде во сала, а единствено решение за законот е тој да биде повлечен.

Од ДУИ и денеска на истиот став, Законот ќе биде донесен како што е предложен, следната недела, повторуваат дека бил прифатен и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ и дека е столб на владата и токму затоа мора да се гласа.

И додека власта и опозицијата се вкопани во своите ровови, аналитичарите и познавачите на состојбите предупредуваат дека не  е потребно да се брза, и да се продуцира нова криза во пресрет на извештајот  за напредокот на Европската комисија.

Дека законот не е приоритет, туку тоа се реформските закони во интервју за ТВ 24 порача и  францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, повикувајќи се на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This