ТЕАТАР НА АПСУРДОТ: Судовите и СЈО главни ѕвезди во „театарот на апсурдот“ наречен судство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-На секое доаѓање овдека во судот речиси секојднево, еве сега од 8 дена во 6 дена треба да бидам на рочишта за три или четири различни процеси. Секој ден се соочуваме со нови неправди и се повеќе се чувствувам како во едно од врвните дела посветени на апсурдот процесот, Кавка. Еве денеска да речеме имаше еден од обвинетите кој што е болен, кој што достави лекарско уверение , мислење од специјалист од Клинички центар , издадено боледување од матичен лекар дека треба да мирува и несмее да се изложува на никаков физички напор. И за него замислете Обвинителството побара притвор. Затоа што човекот е болен. Значи тој треба да лежи притвор бидејќи се разболел и тоа го потврдува и специјалист од Клинички центар и неговиот матичен лекар. Судијата не одреди меѓутоа самиот факт што Обвинителството се дрзна да бара притвор за болен човек, укажува на забеганоста на оваа Јавно Обвинителство, изјави поранешниот премиер Никола Груевски кој денеска се појави во Суд како обвинет во случајот.

Вчерашното судење беше продолжено вон работното време.

-Или да речеме вчера, она што вчера се случуваше кога судијата одлучи да го продолжи процесот вон работното време и го тераше рочиштето до 18:30 часот . Знаете за мене не е проблем да останам колку треба и до 20 и до 24 и така натаму. Сум работел и имам можности да го вршам тоа но доколку тоа е за сите. Во овој случај имаме ситуација кога за никого друг не се останува после работното време , буквално за никого , ниту за најголеми убијци , терористи и така натаму, секогаш судењата завршуваат некаде најдоцна околу 15 часот. Само во случаите каде што сум јас , еве како вчера имаме пролонгирање додека не ја заврши замислената обврска, судиката и за никој друг во државата било кога во минатото а што е најинтересно можеби најиронично , истиот пар на судии што вчера направи на некој начин еден скандал со продолжување на рочиштето вон работното време и пар на судии кои што го суди Заев и му закажува на месец ипол, два и за 15 минути завршува се. Така што навистина се поапсурдно станува целата оваа работа поврзана со СЈО и со судството. Очигледно е дека судиите имаат добиено политичка агенда и мора да ја исполнуваат. Меѓутоа вчера имаше и еден интересен момент кој што е добро да го искоментирам а тоа е што тројца сведоци на предложени од СЈО сведочеа целосно и безрезервно во наша корист односно ги демантираа наводите на СЈО. Имено вчера слушнавме од сведоците дека целата постапка за набавениот мерцедес била согласно закон, дека никој не и вршел никаков притисок на комисијата која што одлучувала за набавката, никој од обвинетите и дека практично дека се било согласно закон што е спротивно на наводите што СЈО ги кажа. Исто така самите сведоци укажаа на неопходноста на нужноста на набавка на такво возило, на недостатокот на такви возила, на тоа дека и преостаните две кои што ги имале се стари, произведени некаде деведест и шеста година , дека често пати ги оставале вип гостите на сред пат некаде низ Македонија па морале или да праќаат друго возило блиндирано доколку има на располагање или да ги возат во небезбедно возило . Уште поинтересно беше што сведокот кој што практично е раководител на компанијата која што го продава возилото укажа дека за прв пат во неговата кариера односно во сиве овие години на постоење на нашата држава, за прв пат ваков вид на возило , безбедносно, блиндирано , заштитено и така натаму , државата го набавила со тендер затоа што законот овозможува ова возило да не се набавува со тендер, туку во директна спогодба помеѓу државната институција и фирмата која што го набавува што укажува дека доколку било кој сакал да направи некакви неправилности или да оставари некаква цел , Министерството за внатрешни работи имало можност тоа да го направи и да набави возило какво сака , од кого сака и по цена што ќе ја договори директно без тендер. Но тоа не го направило. Наспроти дадената можност во законот , Министерството отворило јавна постапка , јавен тендер и така натаму што уштре еднаш покажува за какви апсурдни обвинувања и судења станува збор и со какви апсурди се соочуваме во овој суд кој што се повеќе се прераснува во суд на апсурдот. Во театар на аспурдот ако сакате, истакна Груевски.

На новинарско прашање :Пробувате ли да ги осложите рочиштето?, Груевски рече:

– Не , како што гледате јас до сега, фала му на Бога, ниту едно рочиште не сум пропуштил, а ги имам кој знае колку, не сум ги броел, можеби педесетина до сега.

Господинот Мицкоски се консултирал со вас за неговите одлуки , за неговите изјави пред јавноста и колку сте задоволни од неговата работа до сега?

– Јас со господинот Мицкоски ретко се гледам, така што тој самостојно си ја води партијата. Не би оценувал сега, тоа е ново раководство , си има свои приоритети, во почеток на своето работење е, треба да се остави време луѓето да ги покажат своите капацитети и своите идеи за сето она што го замислуваат и за сега не би дал никаква оценка . Би оставил време да се докаже за своето работење, односно да ги покажат своите идеи и своите капацитети и верувам дека работите ке одат во добар правец.

Господине Груевски вие во оваа фаза ги оценувате сите постапки на СЈО и на судот како незаконски меѓутоа тие се движат да речеме кон крајот . Што очекувате за некои дела за кои што сте обвинет има и затворска казна. Што вие очекувате?

– Знаете што, ако се работи по закон не само што не треба да не осудат, туку требаше да нема воопшто судење. Судот треба да ги отфрли овие обвинувања, идносно не требаше да има ни обвинувања. Затоа велам ова стана еден вид театар на апсурдот. Ако не се работи по закон, се е можно. Кога имате заробено судство се е можно но да оставиме можност за судиите да работат по закон.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This