ТЕВДОВСКИ И ЦАРОВСКА ИЗВРШИЛЕ УПАД ВО СИСТЕМОТ: Незаконски активности на двајцата министри кои упаднале во системот на социјална заштита!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под директен притисок на министерката Мила Царовска, без одлука на Управниот Одбор на ЈУ Центар за социјална работа на Град Скопје бил распишан оглас за избор на директор во оваа институција која е под надлежност на Министерството за труд и социјална политика, потврдуваат извори од Центарот.

Имено, согласноста за веќе обезбедени средства за објавување оглас, министерот Тевдовски и ја одобрил на Царовска на 03.05.2018 година и тоа на само месец и половина пред истекот на мандатот на В.Д. директорката на Центарот за социјална работа, иако во Законот за социјална заштита е дефинирано дека оглас се распишува 3 месеци пред истекот на мандат и тоа со веќе обезбедени финасиски средства од Министерството за финасии.

Од кабинетот на Царовска, издадената согласност од министерот Тевдовски ја испратиле преку електронска пошта како скениран документ на службената е-маил адреса на установата дури на 23.05.2018 година со назнака веднаш да се објави оглас, велат вработени во Центарот.

Според вработените, по добиениот налог од кабинетот на Царовска, Управниот одбор не одржал седница, а во распишаниот оглас на 28.05.2018 година во дневните весници ,,Слободен печат,, , ,,Нова Македонија,, и ,,Коха,, органот се повикува на донесена наводна одлука.

Објавување на оглас без одлука на Управен одбор во јавна установа за социјална заштита е во спротивност на позитивните законски прописи во државата и претставува злоупотреба на службената положба и овластувања според Кривичниот Законик.

На потег се инспекторите од Државниот управен инспекторат, како и Основното јавно обвинителство да утврдат дали навистина има незаконити дејанија во работењето на министрите Царовска и Тевдовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This