ТЕЖОК ПЕРИОД ЗА МЕЛАНИЈА ТРАМП: Не излегувала во јавност речиси еден месец!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никој не знае што се случува со Меланија!

Поради блокадата што ја спроведува американската влада и на тој начин му се спротивставува на Доналд Трамп, американската прва дама останала без послуга, па по Божиќ се повлекла од јавноста и никој не знае што се случува со неа.

Меланија Трамп останала без повеќе од половина од вработените поради блокадата што ја спроведува американската влада, па така три четвртини од работниците во Белата куќа не доаѓаат на работа. Во тимот на Меланија Трамп има десетина луѓе, а дури петмина од нив се на неплатено отсуство моментално.

Тоа го потврдила нејзината застапничка за медиуми Стефани Гришам која рекла дека имаат недостиг од послуга. Токму затоа, Белата куќа моментално е затворена за јавни посети од туристи, како и за други настани.

Состојбата во Белата куќа може да се согледа и од фактот што не биле поставени никакви цветни аранжмани ниту украси за време на дружењето организирано за пречекот на младите спортисти, на кои наместо најдобар кетеринг им била послужена нарачана брза храна.

Сепак, она што дополнително загрижува е фактот што никој не ја видел Меланија Трамп во јавност од 26 декември, иако и понатаму е активна на социјалните мрежи. Американската јавност со нетрпение го очекува нејзиното појавување, а веќе се претпоставува дали можеби се работи за уште еден скандал поврзан со неверниот Трамп или повторно ѝ се јавиле проблеми со здравјето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This