ТЕКСАС БАРА ЅИД И ЗА КАЛИФОРНИЈА: Градоначалникот на градот Бојси во ноември предложи план од 26 милијарди долари да се изгради ѕид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во „Политичките бегалци на Калифорнија“ пишувавме за мотивите кои стојат зад масовното напуштање на таа држава и одење во Тексас и други, поевтини и поконзервативни држави. На домаќиниве веќе им збоктисале дојденците, дотаму што и за нив се бара да им се дигне ѕид.

Градоначалникот на градот Бојси во ноември предложи план од 26 милијарди долари да се изгради ѕид околу Калифорнија за да се сопрат луѓето од Златната држава да заминуваат од таму и да им доаѓаат кај нив. После Вашингтон Пост пишуваше како му е на градот под стресот на илјадници новодојденци, мислиш за бегалски камп Стенковец се работи. А гувернерот на Тексас, Грег Абот, месецов издаде предупредување до луѓето дојдени од Калифорнија:

„Ги памтите оние високи даноци, товарот на претераната регулација и социјалистичката агенда која се тера во Калифорнија? Е па, да знаете, ние не веруваме во тоа.“

Истиот сентимент може да се најде во многу тамошни медиуми, за „одвратната калифорникација на северен Тексас“.

Дали егзодусот од Калифорнија е реален?

Од една перспектива – да. Во 2012 година Калифорнија има добиено плус 113.000 луѓе, што од домашна, што од странска миграција. Лани, кога ќе се пребијат миграциите, има изгубено нето 40.000 лица.

Но, кога ќе се одзумира неколку децении, егзодусот и не е толку библиски. Бројот на луѓе кои ја напуштиле Калифорнија во 2018 не е повисок од оној од средината на 90-тите години и првата деценија на овој век.

Проблемот главно се содава заради различните стилови на живот, политичката култура и стравот дека калифорнијците ќе го пореметат стариот добар конзервативен рај.

А главниот популациски проблем на Калифорнија не е Егзодусот туку Постанокот – не возрасните кои заминуваат туку децата кои ги нема. Трошоците за живот прават најбогатите градови да ги одвраќаат од себе луѓето со семејства, правејќи ги градови без деца. Од завршувањето на големата рецесија, цените на домување во ЛА, Сан Диего и Сан Франциско се имаат покачено за 70%, 80% односно 116%.

Тоа ја брка средната класа и затоа Сан Франциско е град со најмал процент во САД со млади луѓе до 18 години а таа популација во Лос Анџелес е намалена за 17% во последните 10 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This