March 29, 2024, 11:07 am

ТЕКСТОПИСЦИ, КВИЗАЏИИ, КАФАНЏИИ И НОВИНАРИ: Дополнет списокот на советници кои Заев ги вработувал во Влада за плати од 500 до 1200 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поетот, текстописецот и водителот Ѓорѓи Калајџиев е првиот надворешен советник кој го поставил премиерот Зоран Заев. Договорот е склучен еден ден по формирањето на Владата, на 1 јуни 2017 година. 56-годишниот струмичанец му е советник за медиуми на премиерот, а за својот ангажман добива по 40.000 денари месечно, објавуваат од Истражувачката репортерска лабараторија – ИРЛ

„Ангажиран сум на предлог и со одлука на претседателот на Владата, а моите активности се однесуваат на подготовка на брифови и документи за различни медиумски средби кои ги има премиерот, но и содржини (поенти, тези и сл.) кои подоцна ПР – секторот ги преточува во говори за премиерот“, изјавил Калајџиев за ИРЛ.

Ѓорѓи Калајџиев е вработен во регионалната телевизија ТВ ВИС од Струмица. Тој е водител на две емисии во кој воглавно се обработуваат теми од културата. Советникот за медиуми на премиерот за себе вели дека не е новинар, а неговата постојана работа не е во конфликт со функцијата во владата.

„Во медиумот во кој работам 28 години, веќе 12 години не сум новинар, туку само водител на две емисии од забавно – рекреативен карактер, што значи дека немам никакви допирни точки со програмската политика на медиумот. Консултантскиот ангажман кој го имам ми дава за право да имам редовна професија“.

Калајџиев се потпишал и на неколку народни музички нумери, а оваа година советникот на премиерот ќе биде и еден од водителите на Фолк Фест Валандово, заедно со Ирена Спировска.

Потера по миcтepиозниот советник за Европска Унија

Љупчо Зафировски e соработник за „Олеснување на процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ, помагање во остварување на стратешките приоритети и определби на Владата во однос на евроатлантските интеграции“. Ова е единствената информација која ја добивме од Владата за овој советник на Заев со месечен хонорар од 1.200 евра. Советникот кој е еден од подобро платените не можевме да гo најдете на ниту една социјална мрежа, ниту пак неговото име се појавува на пребарувачот Гугл. Баравме некој труд, анализа или изјава поврзана со Европската Унија, но такво нешто не постои.

Зафировски е пензионер и го најдовме во едно скопско кафуле, каде релаксирано си го пиеше утринско кафе со пријателите. Му го загорчија новинарите на ИРЛ кога му пристапија да го прашаат за неговиот ангажман во Кабинетот на премиерот, пишуваат од ИРЛ.

„Па не би сакал да зборувам за мојот ангажман во Владата во кафеана“, ни рече Зафировски.

Сепак, додаваат од Истражувачката репортерска лабараторија дека, инсистирале дека тој е платен од државни пари и е должен да дава отчет за својата работа. Кога го прашавме каква е неговата професионална биографија и искуство за евроатлантските интеграции тој ни одговори:„Сигурно сум компетентен, штом ме избрале за советник“.

Новинар и советник

На платниот список на Заев е и новинарот од ТВ 24 Љубиша Станковиќ. Тој е соработник за „Комуникација и односи со јавноста во процесот на реформа на пpaвocyдниот систем и учество во советот за следење на имплементацијата на Cтpaтегијата за реформа на пpaвocyдниот систем (2017-2022)“.

Станковиќ е ангажиран како ПР на Советот за реформи на пpaвocyдството од април минатата година. Тој добива месечен хонорар од 30.000 денари.

Станковиќ беше еден од жестоките критичари на претходната власт, активист и учесник во „Шарената револуција“. За неговата двојна позиција, и како новинар и како владин ПР, смета дека не е во koнфликт.

 

Целата сторија на овој ЛИНК!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This