April 19, 2024, 10:09 am

Тексaс забpaни абopтус по шестата недела од брeменоста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Забраната за абортус во Тексас по шестата недела од бременоста стапи во сила денеска откога Врховниот суд на САД не одговори на итното барање на групите што се залагаат за правото на абортус да го блокира законот.

Групите што се залагаат за правото на абортус велат дека 85-90 проценти од абортусите во Тексас се вршат по шестата недела од бременоста, што значи дека законот, најверојатно, ќе принуди затворање голем број клиники.

Американската организација „Планирано родителство“ и други даватели на здравствени услуги и гинеколози се обидоа да го оспорат законот пред федералниот суд во Остин во јули тврдејќи дека го прекршува уставното право на абортус.

Законот, потпишан на 19 мај, е невообичаен по тоа што им овозможува на граѓаните да ги тужат клиниките за абортус и секој што помага или охрабрува абортус по шестата недела. Граѓаните што ќе победат во такви тужби може добијат најмалку 10.000 долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This