Телевизиите и радијата до недела да ги достават ценовниците за политичко рекламирање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите телевизии и радија кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампања, најдоцна до 23 октомври треба да ги утврдат и достават ценовниците, во кои цената по секунда за платено политичко рекламирање нема да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните 3 месеци пред денот на распишување на изборите.

agencija-mediumi

Како што соопштува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги рокот за доставување на ценовниците тече од вчера.

Ценовниците треба да се достават до Агенцијата, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата. Според Изборниот законик, радиодифузерите се должни до започнување на изборната кампања најмалку двапати да ги објават ценовниците за платено политичко рекламирање на своите програми. За време на изборниот процес не е дозволена промена на ценовниците.

Ценовниците до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги можат да се достават до архивата на Агенцијата или на е-адресата contact@avmu.mk.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This