April 26, 2024, 10:50 pm

„ТЕЛЕГРАМИСТИ“ И „ЈАВНИ СОБИСТИ“: Не е „курва“ таа што си ја објавил, ти си курва!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Телеграмисти” и “Јавни Собисти”
Дојдов до некој скромни информации за групата”Јавна Соба” на апликацијата “Телеграм” и решив дека имам нешто да им соопштам на тие момци.
Од прилика вака била идејата.
Неколку момци сакале да ги прикажат “курвите” во градот повторувам “курвите” и тргнале и стасале до над
7 000 членови.
Вака сине…
Не е курва таа што на 14 или 15 или 16 години одлучила да биде интимна со тебе.
Таа е наивна, незрела и зелена синко.
Таа ти верувала тебе и решила да легне со тебе. Решила веројатно затоа што чуствувала нешто кон тебе или пак била изгубена од себеси во тој момент од разно разни надворешни фактори.
Почнувајки од опијати па се до домашни семејни односи.
Курва сине да ти каже чичо не е сексуална категорија туку нешто друго тоа е девијација на каратерот и е многу ретка кај жените.
Курва синко е тој кој што ќе натера некого да стори нешто само за него и потоа ќе ја остави на цедило покажувајки ја на останатите.
Незнам твоите што те учеле дома ама овој чичко од оваа страна познава баш онакви што би ги рекол ти “курви” на излог што стојат.
Е таквите се по другари и по луѓе од пола Македонија, имаат душа и знаат зошто го прават тоа.
А дали ти знаеш?
Веројатно НЕ…
Затоа сине верувај му на чичо во едно
Не е “курва” ни мајка ти ако татко ти ја фатил со друг туку е татко ти зошто не бил тука кога и требал на мајка ти (не мислам во сексуална смисла)
Ја излажал дека е ваков а потоа станал онаков едноставно ја оставил на лед.
И синко што лови “курви” не си ни ти толку курва затоа што не те насочиле правилно.
Поголеми курви се оние чичковците од 40+ кои се закачиле на групата и дркале на вашите снимки.
Запрашај се мали дали можеби и твојот е меѓу нив.
Запрашај се мали дали ти на местото на таа “курва” би имал мадиња толку да веруваш во друг.
Запрашај се ако воопшто можеш??
Можеш ли?
Тешко, еден ден синко ќе се жениш и ваљда по кодот на однесување ќе си најдеш адекватна личност.
Гледај драг мој пилиштару да не ја лажеш каков си дека кога ќе те открие ќе те одсака и ќе засака друг.
Кој е тука “курвата”
Имам уште многу што што да ти кажам, ама неможам сафра ми се збира во грло.
Помисли само ќерка ќе имаш еден ден, ќерка која ќе засака некој девијантен како тебе помисли!
Посебен голем поздрав до оние возрасните кои се самозадоволувале по овие снимки.
Можете ли да се погледнете во огледало?
Мислам дека ќе повратам…
Поздрав

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This