Телото на убиениот амбасадор ќе биде транспортирано во Москва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Телото на вчера убиениот амбасадор на Русија, Андреј Карлов денеска ќе биде транспортирано во Русија.

ruski-ambasador-karlov

На аеродромот е планирана церемонија со ограничен број на учесници, претставници на дипломатскиот кор и на турски претставници.

Амбасадата на Русија соопшти дека ќе предложи Карлов да биде одликуван со државна награда.

– Нападот го сметаме за провокација со цел да се поткопа процесот на нормализација на билатералните односи, како и во голем степен да не се дозволи ефективна борба против тероризмот во Сирија, истакна портпаролката на Амбасадата, Ирина Касимова.

Синоќа во Руската амбасадата сочувство изразија турскиот заменик-премиер Ертугрул Тјурке, и замениците-министри за надворешни работи Ахмет Јилдаз и Јумит Јардам, поранешен амбасадор на Турција во Москва.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This