April 19, 2024, 11:40 pm

ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАДВИСНАА НАД СКОПЈЕ: Главниот град во исчекување на најавеното невреме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Темни облаци надвиснаа на Скопје попладнево, а граѓаните се во исчекување на најавеното невреме, за кое УХМР потврди дека се движи кон главниот град

„Апел до граѓаните поради најавеното невреме

По најавите од УХМР за поголеми врнежи на дожд, грмежи, засилен ветар и услови за град во попладневните часови во Скопската котлина, апелираме до граѓаните поради најавеното невреме во попладневните часови да го избегнуваат движење во Градскиот парк, парк шумата Водно и Гази Баба, како и движењето по патеки поккриени со дрвја.

Исто така, апел до возачите да избегнуваат да ги паркираат возилата во близина на дрвја и да ги избегнуваат подвозниците поради опасноста од можна појава на поплавување.

Кризниот штаб за заштита и спасување на Град Скопје ја следи состојбата на терен и е подготвен да интервенира за санација на штетите предизвикани од евентуално невреме“, велат од Град Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This