Температурите во ЈСП одат од крајност во крајност – во двокатните автобуси фурна, во старите грч ладно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патниците кои чекаат градски автобус на температури под нулата кога ќе влезат во двокатните автобуси, се соочуваат со шок, бидејќи внатре понекогаш таа изнесува и плус 30 степени од надворешната.
И при моменталните зимски услови и во највисоките температури во летото, на минус 10 и на плус 30 степени, проблемот е ист. Патниците се жалат дека температурите во некои од автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) не соодветствуваат со надворешните, па се случува лете да се смрзнуваат, а зиме да се препотуваат од жештина. Поради тоа, среде декември, патниците ги соблекуваат капутите, а принудени се и да отворат прозорец за да се разладат или да земат воздух, затоа што температурите често се превисоки и неподносливи, особено на вториот кат. Истиот проблем се јави и минатата година кога од ЈСП објаснија дека возачите погрешно ги користеле уредите за греење. Вкупно од четирите грејачи на двокатните автобуси, два се за долниот, а два за горниот кат. Наместо да вклучуваат еден грејач за горниот кат, возачите ги пуштаа и сите одеднаш и така ја креваа температурата над потребното ниво.

“Мојот проблем е поврзан со клима-уредите во автобусите. Возачите претеруваат со температурните разлики во автобусите. Лете сите патници се облечени како за плус 40 степени, а во автобусите затекнуваме температури кои се претерано ниски. Тоа не е добро за човечкиот организам, затоа што ние сме запотени, а ладниот воздух во автобусите не здрвува. Истото важи и зиме. Сите патници се облечени како за -15, а во автобусите температурата е премногу висока. Ќе се препотиме, ќе излеземе надвор, ќе не здрви ладното, па ќе настинеме. Има луѓе со здравствени проблеми кои се качуваат во градски автобус, не може возачите да приредуваат толкави температурни шокови. Таквото користење на климите и уредите за греење ќе потрае се додека некој постар човек не падне на влезот на автобусот како резултат на температурната разлика”, вели еден патник.

Во старите автобуси, пак, патниците се тресат од студ. И покрај обновата на возниот парк, старите возила се почесто се забележуваат на скопските улици, па кога ќе пристигнат на станица, патниците негодуваат.
– Кога ќе влезам во нив, ми се чини дека е поладно од надвор. Ќе седнам некаде, ќе се стуткам со капутот, но џабе, дува од сите страни. Од врати, прозорци, човек не може ни да забележи од каде дува. Единствено е топло кога е гужва, вели патник кој секојдневно користи линијата број четири.

Иако поретко, овој проблем се појавува и кај приватните автобуси. Нивните патници велат дека се случува возачот за да заштеди на гориво не го пушта греењето.
Извор:skopjeinfo.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This