ТЕНЗИИ ВО ЕВРОПА ПОРАДИ МИГРАНТИТЕ: Италија не дозволува мигранти на нејзина територија, бара Малта да ги спаси од бродот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска изјави дека Малта треба да дозволи спасувачкиот брод, на кој се наоѓаат 224 мигранти да вплови во нејзино пристаниште, бидејќи бродот се наоѓа во малтешки територијални води.

– Во човечка и политичка смисла бараме од Малта конечно да отвори едно од своите пристаништа и да им овозможи на луѓето да слезат од бродот, истакна Салвини.

Но, Малта се уште не одговори на неговото барање.

Салвини вчера изјави дека нема да дозволи бродот на германска невладина организација, кој плови под холандско знаме, да вплови во италијанско пристаниште. Тој додаде дека бродот не смеел да прими мигранти за чие спасување италијанската крајбрежна стража ги одредила колегите од Либија.

Салвини тврди дека акцијата за спасување на мигранти е спроведена во водите на Либија, а германската организација демантира.

Случајот е сличен со мигрантите на бродот „Аквариус“, кои на крај се истоварија во Шпанија.

МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This