ТЕНЗИИ ВО МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ: Вработените револтирани со ултиматум до владата – во петок престануваат со работа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во Македонски железници-Транспорт се создаде тензична ситуација на состанокот помеѓу синдикатот и раководството.

Имено состанокот бил инициран поради доцнењето на платите и надоместоците за изминат километар на машиновозачите, тогаш раководството на МЖ Транспорт, на синдикатот на машиновозачи му соопштило дека сметката на претпријатието е блокирана веќе 15 дена, поради ненавремено подмирување на обврските на владата за потрошена електрична енергија од страна на  Македонски железниц-Инфраструктура. На состанокот исто така биле покренати и други прашања.

  • Зошто еден од новите возови, повеќе од 2 месеци не е во употреба?
  • Во каква состојба се другите возови и дали се безбедни за патниците?

Инфомакс се обиде да добие изјава од претседателите на синдикатот на машиновозачи Душко Чакаровски и од претседателот на синдикат на Влеча на возови Ѓоко Илиевски, но од првиот синдикат добивме само потврда за состанокот дека бил одржан, а од другиот синдикат ни беше кажано дека утре ќе имале соопштение за медиумите, очигледно заради меѓусебната некоординираност и несогласување, двата синдикати настапуваат сами во заштита на работничките права, а работниците и машиновозачите во МЖ-Транспорт немаат земено плата и надоместоци повеќе од еден месец.
Но во едно се согласни дека доколку нема исплата на плата до Петок 23 Ноември, ќе организираат штрајк.

Од свои извори Инфомакс дознава дека работниците веќе се заплашуваат и се под притисок да не штрајкуваат, што небеше случај во минатото кога за доцнење на плата од само ден или два се блокираа пругите и се бојкотираше работата.

Подготви
Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This