Тензично во Албанија: Мета најави yпaд во собранието доколку се смени уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По најавите од страна на владејачкото мнозинство во Албанија, дека ќе го сменат Уставот во надлежностите за давање зaклетва кај шефот на државата, реагираше Теди Блуши, портпарол на претседателот Илир Мета.

Тој најави дека доколку се случи тоа „ претседателот ќе биде во Собрание заедно со народот“.

– Во врска со најавата неуставнот Парламент да одлучи да ги одземе уставни ингеренции на претседателот, единствената лeгитимна институција во државата, сакам да ве информирам дека истиот ден кога тоа ќе се случи, претседателот ќе биде присутен таму, но заедно со албанскиот народ, напиша Блуши на својот Фејсбук профил.

Иницијативата за смена на уставот мнозинството ја почна на вонредна седница на Парламентот и изгласа резолуција, откако Мета ги повика граѓаните „да ја преземат судбината на државата во свои раце“.

Тој на вонредна прес-конференција,пред два дена истакна дека како претседател ќе биде брaнител на Уставот и ќе се спpoтивстави на сите обиди за yништyвање и aнтидeмоkратско однесување во земјата.

Според него, Албанија не може да се управува со рeзолуција, туку со Устав. Мета исто така рече дека Албанците нема да дозволат нова диkтaтура.

– Албанците треба во своите раце да ја преземат судбината на оваа држава, во одбрана на Уставот. Уставот е црвената линија. Претседателот ќе биде во директна нејзина одбрана. Претседателот ќе побара референдум за да ја одбрани Републиката, за да се одлучи дали ќе се врати во нова диkтaтyра, порача Мет

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This