ТЕНКОВСКАТА ЕДИНИЦА НА АРМ НЕФУНКЦИОНАЛНА: АРМ нема моторно масло за тенковите-Војниците вежбаат со тенкови без запален мотор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за одбрана на Република Македонија ја претвори АРМ во лакрдија. Тенковската единица на АРМ е нефункционална

 

Дознаваме дека армијата нема моторно и хидраулично масло за тенковите, а тенковските вежби минатата недела се одвивале во тенкови без запален мотор, војниците си играле „влези излези“. Шекеринска покажа тотална неспособност во управувањето на оваа министерство, а армијата е претворена во средство за потсмев.

Оваа состојба е веќе една година, односно периодот во кој Шекеринска е на чело на ова министерство. Војниците не можат да реализираат ниту една нормална вежба, импровизираат и си играат како мали деца.

Ситуацијава иако е смешна, е трагична за државата. Имено од вкупно 35 тенка колку што има Република Македонија, ниту еден не е функционален, односно немаат масло и гориво. 31 од постоечките тенкови немаат ниту акумулатори, а акумулатори има само за 4 тенка. Тенковската единица е во целосен аут.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This