ТЕПАЧКА ВО МНР: Вработени во министерството за надворешни работи се степале, интервенирала полицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца вработени во Министерството за надворешни работи се степале во канцеларија. Од полицијата не откриваат детали за инцидентот и зошто дошло до тепачката.

Според информациите на МВР, вчера во 16,40 часот, Т.Р.(41) од Скопје пријавил дека истиот ден во 15,20 часот, во канцеларија во зградата на Министерството за надворешни работи на улица Филип Втори Македонски во Скопје, физички бил нападнат од В.С., со кого ја делел канцеларијата.

Според пријавата, додека Т.Р. работел, В.С. го нападнал со повеќе удари со тупаници во пределот на главата и телото. На Т.Р. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This