ТЕПАЧКА ВО ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СДС ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Пратеникот Курто Дудуш се степал со партиските членови кај него дома!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на СДС од Шуто Оризари кој објаснуваше дека членската книшка на СДС ќе вредела како лична карта, ако треба некаде да се заврши некоја работа, или да се избегнат казни, вчера предизвикал инцидент во штабот на партијата, по што дошло и до тепачка

Имено, вчеравечер околу 22.30 и 23.00 часот се случил инцидент во општинската организација на СДС во Шуто Оризари, поточно во домот на пратеникот Курто Дудуш, каде тој ги одржува партиските состаноци со членството, избегнувајќи ги просториите каде официјално е сместена општинската организација на СДС.

Пратеникот на состанокот побарал од членовите поддршка за кандидатурата за градоначалник на неговата партнерка Фата Османовска, по што настанал општ хаос.

На ова негово барање имало членови кои се спротивставиле, по што настанала големата расправија, која завршила со размена на пцовки, клетви, а и по некоја тупаница помеѓу членовите на СДС во Шуто Оризари.

Информацијата која ја добивме од наш читател, очевидец на настанот, пробавме да ја провериме во МВР но оттаму молк за овој инцидент. Впрочем, не е прв пат полицијата на Спасовски да крие насилства, скандали и криминал на членови на СДС.

Пратеникот Курто Дудуш е познат по тоа што објаснуваше што значи да се има членска книшка од СДС тоа за обичниот човек, во секојдневниот живот. На оваа скандалозна видеоснимка ќе слушнете како социјалдемократите смислиле да ги решаваат проблемите.

На средба со граѓани, Дудуш објаснува зошто е многу важно да се поседува членска книшка од СДСМ.

–Да се биде член на СДСМ е голема работа. Дали ќе имате проблеми во Социјално за нешто најмало, дали нема да поминете на пешачки премин и ве казни полиција, дали ќе управувате со автомобил кој не е регистриран или не сте вклучиле светилки или пак не сте врзани со појас. Дали во некое министерство ќе ти треба некаков документ, дали кога ќе отидете на лекар, ќе ви треба познанство, дали ќе треба да се вработите во некое министерство, не знам, за икс работи за секојдневни потреби. Затоа ќе биде многу битно да имате таков документ, затоа што таа ќе ти биде втора лична карта, вели Дудуш.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This