ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ СДС И ДУИ ВО КИЧЕВО: Другар на Мухамед Зекири го тепал пејачот кој снимал спот за Фатмир Дехари од ДУИ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Разоткриен е евтиниот спин на соросовата невладина организација „Цивил“ на докажаниот сдсмовски активист Џабир Дерала, која денеска излезе со лажни информации дека активисти на ВМРО-ДПМНЕ  го нападнале и претепале пејачот Шкодран Тојал, додека снимал промотивен спот за кандидатот за градоначалник, Фатмир Дехари од ДУИ. Вистината е дека се работи за пресметка меѓу СДСМ и ДУИ во Кичево, пишува порталот Денешен.мк.

-Пејачот од спотот на ДУИ не е претепан од активисти на ВМРО-ДПМНЕ како што тврди „Цивил“, туку од страна на лице блиско до потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, односно негов другар. Станува збор за пресметка меѓу коалиционите партнери од засега непознати причини, а ВМРО-ДПМНЕ и негови активисти немаат никаква поврзаност со овој инцидент, пишува порталот Денешен.мк.

 

ВМРО-ДПМНЕ ги демнатира и најостро ги осудува обвинувањата на „Цивил“ дека нејзини активисти претепале пејач што снимал спот за ДУИ.

 

-ВМРО-ДПМНЕ ќе ги информира меѓународните донатори на „Цивил“ за нивните партиско-политички активности. При бруталниот напад на градоначалникот и кандидат за градоначалник на општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам, „Цивил“ бесрамно лажеше и ја манипулира јавноста дека станува збор за некакво си приватно недоразбирање, а не за крвав напад инспириран од политички побуди. ВМРО-ДПМНЕ бара МВР веднаш да го расчисти инцидентот и да не дозволи невладините организации под контрола на СДС и нивните медиуми да злоупотребуваат вакви инциденти, стои во соопштението.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This