ТЕПАЧКА ПРЕД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: Полицаец останал без службениот пиштол во групна тепачка пред ПС Радовиш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера околу 17.50 часот пред влезот на Полициската станица Радовиш настанала тепачка помеѓу В.Т. и Б.Ѓ., двајцата од Радовиш. Дежурниот полициски службеник се обидел да ги спречи, но во тој момент дошле и лицата Г.З и Т.С., исто така и двајцата од Радовиш, кои се вклучиле во пресметката.

Полицискиот службеник издал наредба да престанат, но тие не го послушале. Во турканицата, В.Т. успеал да го земе службениот пиштол на полицискиот службеник и да се закани дека ќе го употреби, но полицискиот службеник успеал да му го земе пиштолот.

Учесниците во пресметката се приведени и по целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This