April 26, 2024, 10:46 pm

ТЕРЕЗА МЕЈ „ПРЕКРШИ“: Ќе дозволи учество во воениот напад на Сирија заедно со САД, без дозвола на британскиот парламент!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британската премиерка Тереза Меј е спремна да дозволи и Велиа Британија да учествува во воздушните напади во Сирија, пренесуваат медиумите

Тереза Меј „изгледа дека е спремна“ да се придружи на воената акција во Сирија без одобрение на парламентот, која се разгледува од САД и коалиционите сили, пренесува Би-Би-Си повикувајќи се на извори запознати со ситуацијата.

Изворите наведуваат дека Меј смета дека е потребно да се постапи итно. Освен тоа, таа не сака да ја одложува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп и настојува да ја избегне опструкцијата наречена процедура на одобрување од парламентот.

Претходно денес Лабористичката партија на Џереми Корбин бараше да се одржи гласање во парламентот за да се даде зелено светло за потенцијален воен напад на Сирија, пренесе „Скај Њуз“.
Корбин ја повика Меј да „ги повика сите земји, вклучително САД и Русија, како и соседните држави, на маса во Женева за да се дојде до политичко решение“.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This