ТЕРОРИЗАМ КООРИНИРАН ОД СТРАНСТВО: Терористичките акти во Русија координирани од странство, велат од ФСБ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската Федерална служба за безбедност го објави притворањето на пет членови на Даеш во градот Јарослав на 3-4 мај. Како што наведува агенцијата, тие планирале терористички акции во неколку руски градови.

“Руската Федерална служба за безбедност уапси петмина членови на терористичката ќелија Даеш, кои заговорале терористички дејства на територијата на голем број руски региони”, соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ.

ФСБ понатаму вели дека комуникацијата меѓу терористите се одржувала преку телеграм, вклучително и соработници од странство.

“За време на претресите ние конфискувавме арсенал на импровизирани експлозивни направи, експлозиви, огнено оружје и муниција од терористите”, соопштија од ФСБ.

Претходно истиот ден, агенцијата информираше за елиминација на двајца лидери на верска екстремистичка секта во Невинномиск во Ставрополскиот регион на југот на земјата. Според безбедносната служба, тие исто така нашле лабораторија за производство на експлозиви, оружје, муниција и гранати на локацијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This