ТЕРОРИСТИТЕ КОРИСТАТ ЕВРОПСКО ОРУЖЈЕ: Руската армија пронајде голема количина на оружје од Европа кај терористите во Сирија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сириската војска кај милитантите кои се ликвидирани во областа Танф пронашла современо оружје од европско производство, соопшти рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија

© REUTERS/ Rodi Said

Како што се наведува, тоа вооружување е пронајдено при претрес на локација каде се криеле терористите, а станува збор за апарати за електронско војување – уреди за блокирање на радио-врски, како и базна радио-станица, но и голема количина муниција и огнено оружје.

Истовремено, од рускиот центар се соопштува дека и наскоро се очекува напад на милитантите од зоната Танф, која ја контролираат Соединетите Американски Држави, и тоа кон север и североистокот на земјата.

Се оценува дека станува збор за потенцијални диверзии и напади на провинцијата Дамаск, Хомс и Дејр ел Зор со цел да се привлече вниманието на владините сили кои ги опколиле терористите на Нусра фронтот во Идлиб.

Истовремено, Русија ја обвини Америка дека поддржува групации кои имаат исти ставови како поразената терористичка организација ИСИС, и тоа со цел да се минираат напорите кои водат кон пронаоѓање на политичко решение за сирискиот конфликт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This