ТЕРОРИСТИТЕ НА СЛОБОДА, ПАТРИОТИТЕ ВО ЗАТВОР: Хунтата се заканува и ги уценува патриотите, додека се поклонува на гробовите на терористите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Убијците на децата и рибарот кај Смилковско Езеро слободно се шетаат, а еден од најдобрите оперски пејачи, светски познатиот Игор Дурловски, доајенот на македонското актерство Владо Јовановски, поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и граѓани кои на 27 април си ја бранеа државата се притворени и се товарат за тероризам. Останатите граѓани пак, кои мирно протестираат против притворите на приведените лица се под закана и уцена!

Додека функционери од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и граѓани кои тогаш протестираа против неуставниот избор на претседателот на Собранието, се апсат и тоа за кривично дело за тероризам, на лицата кои го извршија петкратното убиство кај Смилковското езеро, обвинети во случајот „Монструм“ пресудите им се укинати и тие веќе се на слобода.

Само за потсетување, кај Смилковско Езеро на 12-ти април 2012-та година, на Велики четврток, само три дена пред Велигден,  беа убиени 4 момчиња и еден рибар. Во акцијата „Монструм“ беа уапсени повеќе осомничени, додека двајцата првоосомничени избегаа. Во првостепена и второстепена постапка беа изречени и доживотни казни затвор.

Во јавноста се коментира и дека е скандалозно од страна на судството под притисок на СДСМ, лицата обвинети за протест каде граѓаните го изразуваа својот револт од тоа што се случуваше во државата, да бидат ставени на исто рамниште како терористи, кои сега впрочем се ослободени откако СДСМ и Зоран Заев дојдоа на власт.

Народот револтирано прашуваат како е можно убијците од „Монструм“ да бидат на слобода, а се што е патриотско, заедно со ВМРО-ДПМНЕ да биде под закана и уцена.

И од ВМРО-ДПМНЕ денеска регаираа дека Република Македонија е заробена држава и дека со неа владее хунта.

– Закани, уцени, казни и цензура се одликите хунтата која ја има заробено државата. Хунтата владее со ширење на страв и закани со казни. Актер е во затвор само затоа што си ја сака земјата, а другите актери кои го поддржаа се парично казнети. Директорот на МНТ им се закани со казна на сите актери кои во знак на солидарност не ја одиграа претставата „Ничија земја“ како поддршка на приведениот актер Владо Јовановски од страна на хунтата. Закана врз актери кои изразиле чин на сочувство со свој колега се незабележани во Европа, ниту на било кое друго место во демократскиот свет. Заканите врз актерите се одлика на хунти и фашистички режими, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Лудилото на хунтата на власт не познава граници. Власта се пресметува со секој искрен патриот. Власта се пресметува со секој Македонец кој излезе и кажа не на Тиранската платформа. Известувањето испратено од Министерството за култура до сите национални установи под негова контрола во кое им се наредува да ги избркаат од работа сите вработени, кои на било кој начин учествувале во протестите на „За заедничка Македонија“ е преседан за една европска земја“.

Хунтата на власт, потенцираат од партијата, сака да влее страв кај граѓаните, за никој да не се осмели во иднина да излезе на протест против нејзините штетни политики.

-Власта директно го крши правото на протест загарантирано со член 21 од Уставот на Република Македонија, казнувајќи и изживувајќи се врз граѓани кои излегле мирно да протестираат и да го изразат својот револт од одредени политики. Ова е атак врз демократијата и не смее да остане премолчен. Власта директно удира врз правото на протест. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува меѓународната заедница и меѓународните организации во Република Македонија да реагираат и да го осудат овој чин на политичка тортура против неистомислениците на власта, се потенцира во соопштението и се додава:

„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи оваа неправда да продолжи, токму затоа ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците се додека трае оваа тортура. ВМРО-ДПМНЕ ве повикува на протест денес, 03.12.2017 година, пред Министерството за правда, со почеток од 16:30 часот, да ги осудиме реваншизмот, политичкиот прогон и неправдата“.

Инаку, голем број на граѓани од другите градови кои сакаат денеска да дојдат во Скопје за да го изразат револтот за сите неправди нанесени од оваа Влада, се спречени бидејќи останаа без превоз.

Иако сограѓаните се сплотија заедно да пристигнат во Скопје со автобуси, поради закани од власта, превозниците се откажуваат од овој ангажман.

Врз автобуските превозници секојдневно биле вршени притисоци и закани изминативе денови откако се најави дека денес во Скопје ќе има голем протест за поддршка на неправедно притворените и против другите неправди.

Функционери и членови на СДСМ ги контактирале превозниците неколку пати и им испратиле пораки дека ако се осудат да носат симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кон Скопје, ќе се соочат со казни.

Вработените реагирале, но залудно. Поради големи притисоци, закани и уцени од страна на СДСМ, дел од нив сакајќи да го задржат бизнисот и да можат слободно да работат и во иднина, сепак одлучија денес да не возат кон Скопје.

Протестот е најавен за денес во 16:30 часот пред Министерството за правда.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This