ТЕРОРИСТИТЕ ОД ДИВО НАСЕЉЕ И ЗОРАН ЗАЕВ СО ИСТИ БАРАЊА: Васко Ефтов го „нацрта“ сценариото за дестабилизација за денот на изборите, односно за пост-изборниот период!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сакам да ви кажам дека постои едно политичко сценарио, се надевам дека тоа политичко сценарио нема да биде реализирано меѓутоа ние треба да ги знаеме контурите на тоа сценарио. Тоа подразбира одредени политички и безбедносни инциденти, можеби пред изборите или на самиот ден на изборите. Тоа би значело влез во еден доста нестабилен политички процес после 11-ти декември. Тоа подразбира можно формирање на широка влада или можно барање доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите Никола Груевски да не биде нов македонски премиер – анализира Васко Ефтов во својата последна емсија „Во Центар“ 

atentati_vasko

Како што вели Ефтов, тој не сакал во овие две последни емисии пред предвремените парламентарни избори да интервјуира Македонски политичари поради политичката коректност, но како доказ дека во Македонија веќе подолго се спремаат инциденти, во кои се гледаат нишките на поврзаност помеѓу Зоран Заев, СДСМ и терористите од Диво Насеље ги зема интервјуата на адвокатот на уапсените терористи Насер Рауфи и министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Во интервјуто на Рауфи, тој објаснува дека терористите всушност имале намера да завземат дел од територијата на Куманово, поточно населбата Диво Насеље и оттаму слично како во Кондово, да испорачуваат барања за проширување на правата од Охридскиот Рамковен договор.

– Ако Зоран Заев се слика во Диво Насеље, прави „В“ сликајќи се со жителите во Диво Насеље, а тие всушност сакале да го окупираат Диво Насеље и таму да направат основа за нов Охридски рамковен договор, а гледате дека Зоран Заев е многу беневолентен и смета дека Рамковниот договор не е „свето писмо“ и е подложен подложен на политички корекции и промени, тука се поставува клучното прашање. Зошто ако некој сака да го менува Охридскиот рамковен договор не направи политичка партија, албанска политичка партија туку купува оружје и сака да ја дестабилизира Македонија – прашува Ефтов, правејќи паралела помеѓу барањата за промена на Охридскиот рамковен договор на Зоран Заев и намерите на терористите од Диво Насеље.
Според Ефтов, доколку се спојат изјавите на сите страни во инцидентот во Диво Насеље може да се заклучи дека имало сериозна намера да се дестабилизира Македонија, а тоа не треба да се исклучи како сценарио за денот на изборите, но и во постизборниот период.

Целата емисија погледнете ја тука:

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This