ТЕРОРИСТИТЕ ОД УЧК НА СРЕДБА СО ТАЛАТ ЏАФЕРИ: Ветераните од УЧК договарале законско решение со Талат Џафери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешни војници на УЧК пред некој ден оствариле  средба со претседателот на собранието Талат Џафери, кај што се разговарало за доставување на закон за поранешните војници, ветераните и семејствата на паднатите борци во собраниска процедура, дознава Журнал од извори во Македонскиот Парламент.

 

“Да, остварена е средба помеѓу претседателот на собранието Талат Џафери и поранешните борците на УЧК кои работат на изготвување и доставување на закон за поранешните војници на УЧК во парламентот”, велат извори од македонскиот парламент за Журнал.

Журнал, исто така, дознава дека законот за поранешните војници, семејствата на паднатите борци и воените инвалиди кој е изготвен од поранешни војници на УЧК, е веќе готов и поранешните војници очекуваат да влезе во собраниска процедура, а потоа, како што велат тие, работа на политичките партии е да го усвојат истиот.

Освен со претседателот на Собранието, Журнал дознава дека поранешните војници се сретнале и со народниот правобранител  Иџет Мемети, со кој се консултирале за институционализирање на ова уставно право.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This