ТЕРОРИСТИТЕ СЕ РЕГРУПИРААТ: Се обединија терористичките групи во Сирија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пет незаконски вооружени формации се обединија, вкучително и Џеиш ел ислам, Нусра фронт, Ахрар ел шам, и формираа единствен центар за управување во Источна Гута, соопшти рускиот центар за помирување на непријателските страни во Сирија

Се продолжува заострувањето на ситуација во Источна Гута. Во оваа енклава вооружените формации Џеиш ел ислам, Нусра фронт, Ахрар ел шам, Феилак Ар Рахман и Фаџр ел Ума направија единствен центар за раководење на акцијата на групите.

Наведено е дека во текот на следењто на режимот на преин на огнот во Сирија не се забележани случаи на кршење на примирјето во провинциите Алепо, Латакија и Идлиб.

Без обзир на изјавите на Џеиш ел ислам за примирјето, од териториите под контрола на оваа група се продолжува со минофрлачко гранатирање на Дамаск, соопшти руската војска.

Тие додаваат дека незаконските формации во Источна Гута спремаат провокација со примена на отровни супстанци со цел Дамаск да се обвини за користење на хемиско оружје.

Советот за безбедност на ОН во саботата ја усвои Резолуцијата 2401, со која од сите страни се бара „веднаш да ги прекинат судирите“ и се обврзуваат да обезбедат долга хуманитарна пауза од најмалку 30 дена на целата територија на Сирија, за да се обезебди несметана испорака на хуманитарна помош и медицинска евакуација на тешко болните и ранетите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This