April 20, 2024, 12:11 am

ТЕРОРИСТИТЕ СО МОНСТРУОЗНА ПРОВОКАЦИЈА: Терористичките групи во Сирија подготвуваат хемиски напад за да ја обвинат владата во Дамаск

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерите на милитантните групи подготвуваат провокција со употреба на отровни супстанци во Источна Гута со цел да го обвинат Дамаск за употреба на хемиско оружје, соопштија од Министерството за одбрана на Русија

„Доказите покажуваат дека лидерите на илегалните вооружени формации во Источна Гута се подготвуваат за провокација со употреба на отрови со цел да ги обвинат владините сили за употреба на хемиско оружје против цивили“, велат од министерството.

Во соопштението се додава дека гранатирањето на Сирискиот главен град продолжило и во претходните 24 часа од територија, контролирана од Џајш ал-Ислам, и покрај ветувањето дека ќе се придржуваат кон договорениот прекин на огнот.

Во саботата, СБ на ОН едногласно ја донесе Резолуцијата 2401 со кој се повикуваат сите страни на прекин на огнот, и да се придржуваат кон хуманитарната пауза на цела територија на Сирија која треба да трае најмалку 30 дена. Хуманитарната пауза е со цел да се обезбеди хуманитарна помош во лекови, храна и вода и евакуација на повредените и немоќните лица.

Министерството нотира дека цивилните подрачја во Дамаск биле погодени од 31 минофрлачка граната во последните 24 часа, предизвикувајќи повреди кај 13 цивили и еден Сириски војник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This