ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО БАРСЕЛНОНА: Најмалку 13 загинати во терористички напад во Барселона (Фото, Видео)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку лица се повредени откако минибус удри во група луѓе во центарот на Барселона. Инцидентот се случил во Лас Рамблас, популарно место во реонот на Плаза Каталонија.

Полицијата во Барселона соопшти дека во градот најверојатно е извршен терористички напад.


Локални медиуми јавуваат дека се слушнале и истрели на пазарот Бокерија во Барселона и оти две вооружени лица се забарикадирани во ресторан на плоштадот во Барселона по инцидентот со минибусот.

Според шпански медиуми, возачот на минибусот побегнал оставајќи го возилото. Полицијата го блокираше реонот, а на местото на инцидентот има осум амбулантни возила.

Луѓето од тој реон бегаат во паника, јави телевизијата ТВЕ.

Каталонскиот премиер Карлес Пучдемон го прекина годишниот одмор и се враќа во градот.Најмалку 13 лица загинаа, а 25 се повредени во терористичкиот напад што денеска се случи во Барселона.

Според шпанските медиуми, две вооружени лица зеле заложници откако претходно излегле од минибус, кој удри во пешаци кои се затекнаа на плоштадот Лас Рамблас.

Полицијата е во потрага по возачот на минибусот, кој веднаш побегнал од местото на инцидентот.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This