ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Терористички напад во автобус во Германија – најмалку 14 повредени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По инцидентот во германскиот град Лубек,локацијата околу автобуската станица каде е извршен нападот е затворена. Возовите во областа на градот Кучкниц се запрени, поради полициската акција во тек.

Според весникот “Билд”, 12 лица биле полесно повредени, а двајца други патници добиле сериозни повреди како резултат на нападот во автобус.

Полицијата потврди дека нема жртви и напаѓачот е уапсен и во моментов е во притвор.

Сцената околу автобуската станица е изолирана, додека полициската операција е во тек.

Според порталот на Лубек Нахрихтен, напаѓачот е на возраст околу 30 години и птекнуваод Иран.

Порталот за вести Лубек Нахрихтен, повикувајќи се на извештаите на очевидците, вели дека автобус возел во правец на Травемунде кога одеднаш еден од патниците извадил нож од својот ранец и почнал да ги напаѓа патниците. Возачот веднаш го запрел автобусот и ги отворил вратите за да можат луѓето да избегаат. Во тоа време полициското возило се движели во близина на инцидентот и реагирало.

“Патниците побегнаа од автобусот, извикуваа, беше ужасно, а потоа повредените беа пренеси во болница, напаѓачот имаше кујнски нож”, изјави очевидец за Лубек Нахрихтен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This